Кулеба бара на Украина да ѝ се резервира место во ЕУ!

Сподели со своите пријатели

Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба денеска побара да ѝ се „резервира“ место на неговата земја во Европската унија, иако пристапните преговори би требало да траат долго.

Loading...

„Често слушаме дека Украина припаѓа на европското семејство и сега е важно да и резервираме место во Европската унија“, изјави Кулеба за германската јавна телевизија на почетокот на неговата посета на Германија.

 

РЕКОРД: Лани во Америка од предозирање починале 107.000 лица

 

„Ние навистина не зборуваме за пристапување на Украина во ЕУ што е можно поскоро, но за нас е многу важно да го резервираме тоа место за Украина“, рече тој.

Киев поднесе кандидатура за пристапување во унијата на 28 февруари, неколку дена по почетокот на руската инвазија, но некои земји членки се резервирани, вклучително и за доделување кандидатски статус на Украина.

 

Loading...

РЕКОРД: Лани во Америка од предозирање починале 107.000 лица

 

Францускиот претседател Емануел Макрон во понеделникот во Берлин процени дека ќе бидат потребни „децении“ за земја како Украина да стане членка на ЕУ и предложи формирање „европска политичка заедница“ на која би можела да се приклучи додека чека.

Таа заедница може да вклучува и земји кои ја напуштиле Унијата, како што е Обединетото Кралство.