Куќата од која избега наркобосот „Ел Чапо“ ставена на аукција

Сподели со своите пријатели

Мексиканската влада ја нуди куќата од која наркобосот Хоакин Гузман, познат како „Ел Чапо“, избега во 2014 година, а потоа беше осуден на доживотен затвор во САД.

Loading...

Куќата во Кулијакан, главниот град на државата Синалоа, во североистокот на Мексико, се проценува на 3,6 милиони пезоси (184 000 американски долари).

Тоа е дел од  вкупна вредност од 12,5 милиони долари, што Владата ги спреми за аукција на 15 септември.

 

 

На 16 февруари 2014 година, Ел Чапо избегал од таа куќа преку подземен тунел. Тој беше уапсен шест години подоцна во државата Синалоа и испратен во затвор од кој избега.

Повторно беше уапсен во 2016 година и следната година беше екстрадиран во САД, а во јули 2019 година беше осуден на доживотен затвор.

Loading...

Тој е во високо-безбедносен затвор во Колорадо.

Со години важеше за најмоќниот дилер на дрога во светот.

 

 

Лопез Обрадор тогаш рече дека има намера парите од таа продажба да бидат наменети за помош на образованието и здравството.

Владата нуди и куќа во горниот кварт Педрегал, во јужниот дел на Мексико Сити, која беше во сопственост на Амад Карил, покојниот шеф на картелот Хуарез.

Leave a Reply