Куќата ја трупал со смет цела деценија: Насобрал тони отпад, а причината е бизарна! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Јужнокорејските медиуми неодамна објавија за бизарен случај на постара двојка, која ја поминала последната деценија од својот живот трупајќи тони ѓубре од тажна причина. Нивниот 40-годишен син одбивал да ја напушти куќата и да најде работа.

Потресната приказна за Чои (75), кој претворил двоспратната куќа во депонија во последните 10 години, собирајќи ѓубре и конзерви од градските улици, ја шокираше јавноста.

Убеден дека ѓубрето на еден човек е богатство за друг, овој пензионер буквално ја наполнил целата куќа со ѓубре, пред тоа да го стори и со балконите, па дури и со дворот, пренесува „Одити Централ“.

Бидејќи влезната врата од домот на Чои била покриена со вреќи за ѓубре, новинарите кои го посетиле морале да се искачат на „планините“ѓубре за да поминат низ вратата.

Кога влегле, непријатните мириси ги терале постојано да кашлаат и имале потешкотии при дишењето, а Чои, неговата 70-годишна сопруга и нивниот син, некако страдале од овие состојби со години.

Сите спиеле во мала соба затоа што остатокот од просторијата, вклучително и ходниците, биле исполнети со ѓубре. Соседите првично се жалеле на она што го правел Чои, но бидејќи тој не запрел, тие се откажале.

– Сè за што можам да најдам цело – корисно е, а во ѓубрето има изгубено богатство – рече Чои, додавајќи дека секој ден талка по улиците на градот, собирајќи секаков вид отпад.

 

 

Неговиот син не стапнал на улица повеќе од една година. Само седел во малата соба цел ден, не правејќи апсолутно ништо. И покрај повеќекратните барања од неговите родители да го принудат да излезе и да најде работа, тој претпочита да живее со нивната пензија.

Чои додаде дека неговиот син е причината што ја поминал изминатата деценија во собирање ѓубре.

– Мојот син сака да биде дома, не излегува да бара работа и тоа нè загрижува. Само се плашиме дека мојата сопруга и јас наскоро ќе умреме, и тој ќе остане без никого и ништо, па затоа решив да чувам сè што ќе најдам, а потоа имаше повеќе од тоа – вели таткото.

За жал, лекарите, кои биле повикани од тимот на репортерот, откриле дека сопругата на Чои има сериозни проблеми со срцето. Тие препорачале таа да живее во почиста околина и да биде физички активна, со цел да се подобри нејзината состојба. Иако на почетокот не сакал, Чои се согласил доброволците да го исчистат неговиот дом.

Донесени се 226 лица и багер, кои сортирале 150 тони ѓубре. Синот на Чои првично одбил да ја напушти просторијата во која престојувал, но откако го убедиле неговите родители, по повеќе од една година се нашол на улица.

Кога го видел својот дом чист и без ѓубре за прв пат по 10 години, Чои почнал да плаче и рекол:

„Поради иднината и здравјето на сопругата, никогаш повеќе нема да собирам ѓубре“.

 

Leave a Reply