Кровна конструкција на куќа вчера била опожарена во местото викано Бејтови ниви во Куманово.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 19:00 до 21:55 часот на терен интервенирале седум пожарникари со три противпожарни возила.
Втората интервенција на кумановските пожарникари била на улицата „Ѓорче Петров“ каде горела сува трева. Таму во период од 21:20 до 22:00 часот интервенирале двајца пожарникари.
Никола Ивановски