Куќа опожарена во Куманово, десетта овој месец

Сподели со своите пријатели

Пожар вчера избил во куќа во кумановското село Речица, информираат денеска од Центарот за управување со кризи.

Loading...

Пожарот избил во соба од куќата, а четворица пожарникари на местото на настанот се упатеиле околу 13:30 часот.

Огнот бил изгаснат во 14:20 часот, при што причините за избувнување засега се непознати.

Ова е десетта куќа опожарена само овој месец на подрачјето кое го покрива Територијалната противпожарна единица Куманово.

Минатата недела беше опожарена семејна куќа лоцирана на улицата „Тоде Мендол“.

Пред околу две недели две куќи беа опожарени, една во населбата Средорек, втората во селото Лојане.

Само ден претходно, пожарникарите водеа битка со пламени јазици во центарот на Куманово, каде се запали напуштена куќа која се закануваше да зафати неколку куќи лепенки.

Кон почетокот на месецов, четири куќи беа опожарени во месноста Ново Куманово, како и една во населбата Горно Којнаре.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply