Loading...
Куќа во сопственост на педесет и двегодишен кумановец лоцирана на улицата „Тоде Думба“ вчера била зафатена од пожар.
– На 25.06.2025 во 14.12 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улица „Тоде Думба“ во Куманово настанал пожар во куќа сопственост на С.С.(52) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 14:10 до 14:40 часот на терен интервенирале петмина пожарникари со едно противпожарн возило.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото.
Никола Ивановски