Шестмина пожарникари воделе битка со огнените јазици на куќа во атарот на селото Старо Нагоричане во текот на вчерашниот ден, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Откако на терен излегле тројца пожарникари со едно противпожарно возило од ТТПЕ Старо Нагоричане, на помош биле повикани и нивните колеги од кумановската Територијална противпожарна единица, исто така со тројца пожарникари.
На колегите им пружале помош во период од 13:15 до 14:50 часот по што огнот бил локализиран.
Шумски пожар имало во атарот на селото Бељаковце, а на уште пет други локации горела запалена сува трева.
фото: архива

