Стара и напуштена куќа вчера била опожарена, откако претходно во близина избувнал пожар на сува трева.
Loading...
– На 07.07.2021 година во 11.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Руѓинце, Општина Старо Нагоричане, настанал пожар на сува трева, при што била зафатена и стара напуштена куќа, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане, повредени нема, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски / фото: архива