Куќа изгоре во пожар во Куманово

Сподели со своите пријатели

Куќа лоцирана на улицата „Карл Маркс“ во Куманово вчера изгоре во пожар.

Loading...

Како што информираат од регионалниот центар за управување со кризи пожарот избувнал во доцните вечерни часови, а околу 23:35 часот на терен излегле три противпожарни возила и 10 пожарникари од Територијалната противпожарна единица Куманово.

Интервенцијата била завршена во 01:40 часот по полноќ, а засега нема информации за евентуални повредени лица.

фото: архива

Leave a Reply