Куќа изгорела во пожар вчера во кумановското село Осматац, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.
Loading...
Не е познато дали станува збор за напуштена куќа, туку само дека петмина пожарникари на Територијалната противпожарна единица Куманово интервенирале во период од 13:55 до 14:25 часот.
Пожарникарите бележат уште две интервенции.
Кај месноста викано Љикшичка било интервенирано на запален смет во период од 13:55 до 14:25 часот со двајца пожарникари.
Третата интервенција била од техничка природа, односно вадење на вода во селото Љубодраг.
Никола Ивановски