Напуштена куќа вчера била опожарена на улицата „Тоде Мендол“ во Куманово, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Куманово.
– На 16.12.2025 година во 12. 00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „Тоде Мендол“ во Куманово настанал пожар во напуштена куќа, велат од полицијата.
Како што додаваат од Регионалниот центар за управување со кризи, опожарен бил кровот од куќата. Во интервенцијата учествувале шестмина пожарникари во период од 11:45 до 13:15 часот.
Увид извршила екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски

