Куќа и помошни простории, сандаци за пчели и ниви со насади изгореа во пожар во кумановско

Loading...
Сподели со своите пријатели

Куќа и помошни порстории, како и сандаци за пчели и ниви со насади изгореле во пожар викендов во кумановското село Кокошиње.

Првин се запалила сува трева, а пожарот потоа се проширил и направил поголема штета.

– На 28.06.2025 во 12.27 часот во СВР Куманово е пријавено дека околу 12.15 часот во с.Кокошиње, кумановско, настанал пожар на сува трева, а потоа од пожарот целосно опожарена била куќа и помошни простории, сопственост на Д.Т.(36), како и сандаци за пчели, сопственост на А.М.(28) и ниви со насади, сопственост на Л.С.(59), информираат од Министерството за внатрешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец поради поседување наркотици

Како што информираат од Регионалниот центар за управување сокризи, на терен во период од 13:40 до 20:35 часот со огнената стихија се бореле осум пожарникари со три противпожарни возила.

Повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски