КУД „Српски вез“ ќе го одржи 9. годишен концерт

Сподели со своите пријатели

По повод девет години од своето постоење КУД „Српски вез“ ќе организира традиционален концерт. По тој повод спремен е богат и квалитетен културно-уметнички програм.

Loading...

Покрај трите фолклорни групи на Српски вез, Оркестарот, Етни групата и пејачката секција, на концертот ќе настапат и гости од Алексинац КУД „Бисер“ и гости од Гевгелија „Ансамбл Бојмија“.

На концертор ќе присуствува и ќе се обрати на публиката Арно Гујон Директор на Управата за соработка со дијаспората и Србите од регионот, а ќе биде и прочитано поздравно писмо на Њ.К.В. Престолонаследник Александар Карађорђевић бидејќи поради неодложни обврски нема да дојде на концертот како што беше предвидено.

Пред Концерт КУД „Српски вез“ ќе потпише Меморандум или Одлука за братимење со КУД „Опленац“ од Топоча и Фолклорен ансамбл „Севдах“ од Врање.

Концертот е подржан од страна на Управата за соработка со дијаспората и Србите во регионот при Министартсво за надворешни работи на Република Србија, Министерство за култура на Македонија и од Општина Куманово.