Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“ успешно јa зaврши првaтa Меѓунaроднa Фолклорнa Ревијa. Поради лошите временски услови таа се одржа во НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово на 29-ти Јуни, а наредниот ден на плоштадот во Општина Старо Нагоричане.
На Ревијата учество земаа друштва од странство и тоа: КУД „Лазарица“ од Крушевац – Србија, КУД „Косовски Божур“ од Косовска Митровица и ФС „Младост“ од Монтана, Бугарија. Исто така настапија и друштва од Македонија: „Етнос“ – Скопје, „Битола“ од Битола, „Тримери“ од Струмица, КУД „Карпош“ – Старо Нагоричане и домаќините КУД „Панче Пешев“.
Оваа ревија е предвидено од наредната година по повод 500 години од постоењето на Куманово да прерасне во Меѓународен фолклорен фестивал.
На 5-ти јули кумановското друштво тргнува на турнеја во Франција. На 7-ми и 8-ми јули ќе бидат гости на Македонската црковна заедница „Кирил и Методиј“ во Париз, а потоа следува гостување на Меѓународен фолклорен фестивал во градот Аленсон во Франција.