КУД Панче Пешев по успешното зaвршувaње нa првaтa Меѓунaроднa фолклорнa ревијa пaтувa нa Меѓунaроден фолклорен фестивал во Аленсон, Франција.
На 7-ми и 8-ми јули друштвото гостува на Македонската црковна заедница „Кирил и Методиј“ во градот Париз, а на покана на македонското национално малцинство.
– Вечерта на 7-ми јули во црковниот двор ќе изведе дел од својата богата културно уметничка програма. Членовите наредниот ден ќе имаат можност да ја посетат Ајфеловата кула, Триумфалната капија како и уште многу други знаменитости во градот Париз, изјави Мирослав Крстевски од КУД „Панче Пешев“.
По посетата на Париз продолжуваат во градот Аленсон каде пред тамошната публика но и многу друштва од останатите земји од светот ќе имаат можност да го претстават македонскиот мелос и традиција.
– Друштвото е за прв пат на овој фестивал кој е во рамките на CIOFF (Светска организација на фолклорни ансамбли). Досега има гостувано на неколку фестивали во Франција меѓу кои во градовите Исуар и тоа два пати, Монтрежо и Клермоферан, додава Крстевски.
Друштвото е едно од најстарите во Македонија и досега на најдобар можен начин го пренесува но и шири и презентира нашето културно и фолклорно наследство. За тоа сведочат бројните покани за многу фестивали ширум Европа и светот како и бројните награди и признанија.