КУД „Панче Пешев“ ги повикува поранешните членови заедно да одбележат 100 години постоење

Сподели со своите пријатели

Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“ – Куманово во 2026 година ќе го прослави еден од најзначајните јубилеи во својата историја – цели 100 години постоење.

По повод вековниот роденден, друштвото започнува подготовка на голем јубилеен концерт и распиша јавен повик до сите ветерани и поранешни членови кои низ децениите биле дел од ансамблот.

Од „Панче Пешев“ информираат дека целта е што поголем број поранешни играорци, вокалисти и музичари повторно да се обединат и да земат учество во свечената програма, која ќе го одбележи значајниот историски момент за друштвото и градот.

Организаторите упатуваат апел информацијата да се сподели што пошироко, за да допре до сите поранешни членови, без разлика на периодот во кој биле дел од КУД.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  84-годишен кумановец со остар предмет нападнал сограѓанка, ја одбранил нејзиниот син

Првиот состанок со ветераните и заинтересираните поранешни членови ќе се одржи во вторник, со почеток во 19 часот, во просториите на друштвото.

На средбата ќе се дефинираат активностите, динамиката на пробите и концептот на јубилејниот настап.

Никола Ивановски