Куче страдаше спасувајќи дете од пожар

Сподели со своите пријатели

Тригодишното куче мешанец Снупи стана јунак на денот во Словенија, откако во местото Равна на северот на земјата спаси 13-годишник од пожар во семејната куќа. Снупи, во својата спасувачка мисија страдал.

Таткото на близнаците, Аљоша каменик, наведува дека пожарот рано утрината одеднаш го зафатил првиот кат во куќата во кој на каучот спиел еден од неговите синови.

– Снупи со лижење и лесни каснувања го разбудил од сонот, па момчето успеало да се извлече од густиот чад и да замине во приземната просторија од која неговиот брат повикал пожарникари, раскажал каменик.

ХЕРОИ НА ДЕНОТ: Кумановски пожарникари спасија куче од реката Кумановка (ВИДЕО)

Додава дека пожарникарите пристигнале за десет минути, но дека немало спас за Снупи.

– Пожарникарите на местото на пожарот кој го уништи целиот прв кат од куќата пристигнаа за десет минути и го најдоа кучето на подот, но ниту по помошта во ветеринарната станица му немаше спас, раскажал таткото.

наведува дека е благодарен на пожарникарите за брзата интервенција, но дека кучето е заслужно што неговиот син останал жив и е во болница само со полесни знаци на труење.

– Кучето со својата реакција сосема сигурно го спасил животот на момчето, рекол командатот на локалните пожарникари Давид Ваукниг.

Leave a Reply