Да го земете кучето со вас на работа може да биде одлична идеја, особено кога кучето сака да се „ракува“ со секој потенцијален клиент што ќе помине.
Кони Стејаерт се уверила во тоа само неколку дена откако на работа го донела својот 8-годишен англиски булдог Нелсон.
Стејаерт, која работи како продавач на женска облека на отворени пазари и улични фестивали во Белгија, почнала да го носи Нелсон со себе на работа за да не биде вознемирен и осамен додека ја нема.
„Нелсон е многу чувствително куче“, изјави таа за The Dodo. “Не сака да биде сам. Најсреќен е кога е надвор”.
Не му требаше многу време на Нелсон да сфати дека трпеливото седење на работното место на сопственикот ќе го привлече вниманието на клиентите кои поминуваат, па почна да ја протега шепата во знак на поздрав.
Вниманието кое Нелсон го добива од луѓето кои поминуваат покрај бизнисот на неговиот сопственик се движи од едноставно вртење на главата до галење.
„Толку луѓе го фотографираа и кажаа колку е убаво и слатко куче“, изјави Стејаерт. „Некои му носат и посластица.
Видеото на кое Нелсон седи на работното место на сопственикот стана хит на TikTok, каде што беше прегледано речиси 20 милиони пати.
@kingmajesty_princessrose My dog Nelson… everyone’s best friend! 🥺❤️ #foryoupage #FORYOU #dogs #bestfriend #bulldogs #fyp #petsoftiktok ♬ Steal My Girl – One Direction