Кучињата се навистина најдобриот пријател на човекот. Едно мало девојче има голема среќа што го нашла својот најдобар пријател во златен ретривер.
Секој ден кога се враќа од училиште со автобус, на станицата ја чека нејзиното куче, пренесува The Dodo.
Кога девојчето излегува од автобус, кучето Коди ѝ го зема ранецот и го носи дома.
„Кога ќе дојде автобусот, тој трча до вратата, го зема ранецот и го носи дома. Јас не го научив тоа, тој самиот го направи тоа. Тој само сака да помогне”, вели мајката на девојчето и сопственикот на кучето.
„Тој си оди дома како најважното куче на светот кое штотуку го зеде својот најдобар пријател“, додаде таа.
Додека девојчето е на училиште, Коди помага и низ дома.
На пример, кога ќе стигне испораката, тој оди и го зема пакетот и го носи во куќата.
„Тој ми помага повеќе од мојот сопруг. Тој е вистински џентлмен”, заклучила таа.
@thedodo A true gentleman 💛 #golden #goldenretriever #goldenretrieverlife ♬ original sound – The Dodo