КСС утре на протест во Куманово

Сподели со своите пријатели

Конфедерацијата на слободни синдикати (ККС) утре на нов протест на градскиот плоштад во Куманово со почеток во 12 часот ќе ги повтори барањата за зголемување на платите во јавниот сектор од 1 јануари согласно покачувањето на минималната плата и исплата на К-15 во јавниот сектор.

Loading...

Претседателот на КСС, Благоја Ралповски ги истакна барањата кои Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија веќе повеќе од една година ги бара јавно, преку протести, како и преку социјалниот дијалог  за подобрување на правата на вработените во јавниот сектор како што се усогласување на платите согласно покачувањето на минималната плата, исплата на к-15 за вработените во јавниот сектор, почитување на колективните договори и законите, откажување од идејата за трансфер на работниците од јавен во приватен сектор.

Протестот е дел од  низата протести кои КСС ги одржа како дел од активностите и синдикалните делувања со кои се бараат легитимните барања кои им следуваат на вработените согласно законите и колективните договори.

Leave a Reply