Крвав поход во Германија: Со нож нападнал вработени во компанијата, најмалку едно лице убиено

Loading...
Сподели со своите пријатели

Најмалку едно лице е убиено, а тројца други се повредени откако маж нападнал неколку вработени во компанијата со нож во Мелрихштат, Германија.

Починатиот маж претрпел повеќекратни убодни рани на горниот дел од телото, вклучувајќи го и вратот.

Службите за итни случаи и полицијата веднаш се упатиле на терен, а осомничениот е уапсен, објавува Билд.

Полицијата соопшти дека неговиот идентитет сè уште е непознат, како и дали е поврзан со компанијата. Нема информации за мотивот на нападот.

„Наш главен приоритет се повредените и разјаснување на точните околности на злосторството“, соопшти полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лансет: 14 милиони луѓе би можеле да умрат поради намалувањето на помошта од Трамп