КРИЗА ВО АВСТРИЈА: Секое осмо домаќинство повеќе не може да плаќа струја и гас

Сподели со своите пријатели

Австријците се повеќе го чувствуваат поскапувањето врз нивните паричници, поради што се загрижени за финансиската иднина, покажува истражувањето на јавното мислење спроведено од порталот за споредба на цените „Дурхбликер“.

Loading...

– Многумина веќе претрпеа големи загуби на приходи за време на кризата со Ковид. Сегашното големо зголемување на инфлацијата поради украинската криза е вистински шок за многу домаќинства – објасни директорот на „Дурхбликер“, Рајнхолд Баудиш.

 

Ќе тргне ли Путин и на Молдавија? „Ќе се отвори нов фронт против Украина“

 

Според истражувањето спроведено во средината на април, речиси сите испитаници се убедени дека сѐ ќе поскапи.

Секој петти е крајно вознемирен поради овој тренд.

Истражувањето покажува и еден застрашувачки факт, а тоа е дека веќе сега секое осмо домаќинство повеќе не може да ги покрива фиксните трошоци.

Loading...

 

Орбан: Унгарија е против санкциите за патријархот Кирил

 

Испитаниците навеле дека најмногу се погодени од растот на цените на енергијата, храната, транспортот, струјата и парното, како и угостителството.

Повеќе од 90 отсто изјавиле дека веќе мора да штедат, а околу 40 отсто изјавиле дека вовеле поголеми рестрикции, вклучително и рестрикции за парно и потрошувачка на струја.