Дваесет и шестгодишен жител на Крива Паланка бил приведен вчера под сомнение дека извршил обљуба врз малолетничка.
Loading...
– На 24.07.2024 во 18.45 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Г.С.(26) од кривопаланечко поради сомнение дека извршил обљуба врз малолетничка од кривопаланечко, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Како што додаваат од полицијата, тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски