Пет лица од Куманово добија кривични пријави поради учество во тепачка која се случила во август во населбата Карпош.
– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.П.(21) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ и против М.Р.(20), П.М.(22), Н.П.(21) и К.К.(22), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во тепачка“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, на 17.08.2025 во населба Карпош во Куманово, пријавените со безбол палка физички ги нападнале Л.Ј. и Н.С., при што им нанеле тешки телесни повреди.
Никола Ивановски

