Две лица од Куманово добија кривични пријави под сомнение дека во август годинава во селото Макреш, физички нападнале полициски службеници.
– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Ј.(47) и Т.Ј.(28) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста’’ и „телесна повреда“, додека против второпријавениот и за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење на службени дејствија“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од МВР, на 23.08.2025 во с.Макреш, општина Старо Нагоричане, пријавените, физички нападнале полициски службеници додека извршувале службени дејствија.
Никола Ивановски

