Кривични против седум лица за „местење“ на натпреварот Кожуф – Башкими

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против седум лица поради „местење“ на фудбалскиот натпревар ФК „Кожуф“- ФК „Башкими“, а едно лице е лишено од слобода.

Loading...

На 15.08.2025 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, по претходно обезбедена наредба од Основен суд Гевгелија, извршија претрес на две локации кај П.Ѓ. од Гевгелија, спортски директор на ФК „Кожуф“ од Гевгелија и по спроведена предистражна постапка, а по насоки на ОЈО Гевгелија, ОКП поднесе кривична пријава против Б.Х., претседател на ФК „Башкими“ од Куманово за кривични дела „измама“ по чл.247 ст.6 од КЗ, „неовластено давање на подароци“ по чл.253-а ст.4 од КЗ и „соизвршителство“ од чл.22 од КЗ, против П.Ѓ., спортски директор на ФК „Кожуф“ за кривични дела „измама“ по чл.247 ст.6 од КЗ, „неовластено примање на подароци“ по чл.253 ст.4 од КЗ и „соизвршителство“ од чл.22 од КЗ, како и против А.Ј., фудбалер на ФК „Башкими“, С.Г., тренер на ФК „Кожуф“, Б.К., Ј.П. и К.С., тројцата фудбалери на ФК „Кожуф“ за кривични дела „измама“ по чл. 247 ст. 6 и „соизвршителство“ од чл.22 од КЗ, информираат од полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Следната недела третмани против крлежи и комарци во Куманово

Како што појаснуваат од МВР, првопријавениот Б.Х. во својство на претседател на ФК „Башкими“, со намера за својот фудбалски клуб да оствари пласман во Првата македонска фудбалска лига или бараж за влез во Првата македонска фудбалска лига, на фудбалски натпревар одигран на 06.05.2025 во Гевгелија помеѓу екипите на ФК „Кожуф“ и ФК „Башкими“, ги довел во заблуда Фудбалската федерација на Македонија и останатите клубови- членки на федерацијата и ги држел и одржувал во заблуда со прикривање на факти што се однесуваат на лажиран спортски натпревар или наместен резултат на спортската игра, со неовластено давање на подароци на второпријавениот П.Ѓ. со намера истиот да ги запостави интересите на ФК „Кожуф“ и Фудбалската федерација на Македонија, што го организирала натпреварот, за да се постигне резултат кој не зависи од спортската игра и правилата на спортскиот натпревар, на начин што првопријавениот преку третопријавениот А.Ј. договорил средба и обезбедил телефонски контакт од второпријавениот П.Ѓ..

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Натпреварот Македонија – Унгарија нема да се игра во Куманово

На средбата присуствувале прво, второ и трето пријавениот, при што второпријавениот се согласил да прими и примил подарок од првопријавениот- пари во вредност од 10.000 евра, за себе и други лица.

– П.Ѓ. пак по примањето на наградата, преку С.Г. влијаел врз Б.К., Ј.П. и К.С., кои прифатиле да не покажат доволно ангажирање на натпреварот согласно со нивните спортски можности и фудбалската игра, запоставувајќи ги интересите на ФК „Кожуф“, а во корист на ФК „Башкими“, со што на натпреварот бил постигнат резултат 1:2 во корист на ФК „Башкими“ и со така освоените три бода им овозможиле на ФК „Башкими“ да се пласираат на третото место во Втората македонска фудбалска лига, со што се стекнале со можност да играат во бараж за пласман во Првата македонска фудбалска лига, додаваат од МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започна асфалтирањето на патниот правец Вак’в – Пчиња (ФОТО)

Еден од пријавените, според МВР, по насоки на јавен обвинител е лишен од слобода за обезбедување дополнителни докази и спроведен во ОЈО Гевгелија за натамошна постапка.

Никола Ивановски