Кривични пријави за тројца кумановци поради кражба во маркет

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против А.А. (25), Н.А. (23) и Р.А. (26), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешки кражби“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено на 27.02.2016 година, во село Романовце, кумановско, пријавените со употреба на погоден предмет насилно влегле во маркет „Елида“ од каде одзеле две штеки цигари причинувајќи штета од 6.000 денари. Потоа ноќта помеѓу 27/28.02.2016 година на ист начин влегле во истата продавница и одзеле 4.800 денари и цигари во вредност од 60.000 денари.