Кривични пријави за кражба во Тутунскиот комбинат во Куманово

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Т.А. (53), Ѓ.С. (61), Ј.В. (33) и Д.М. (26), сите вработени во Агенција за обезбедување на лица и имот „Фалкон“ ДООЕЛ-Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против непознатиот сторител поради постоење основина сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Пријавените, како службени лица задолжени за обезбедување на објектот Тутунски комбинат „Боро Петрушевски Папучар“ АД во стечај-Куманово несовесно постапиле во вршење на своите должности и овластувања, при што на непознато лице му овозможиле во два наврати во јануари и март 2016 година со насилно обивање на катанец од влезна врата на магационот од тутунскиот комбинат да изврши тешка кражба и да одземе 28.632 килограми цигари во вредност од 94.768 денари и 1 килограм и 395 грама омотна хартија во вредност од 2.790 денари.