Кривична за скопјанец фатен во Куманово со над 300 грама хашиш

Сподели со своите пријатели

Четириесет и петгодишен жител на Скопје е спроведен во кумановскиот затвор, откако претходно бил фатен со над 300 грама хашиш во кумановско.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.М.(45) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, информираат од кумановската полиција.

Како што појаснуваат од СВР Куманово, на 01.09.2020 на локален пат во атар на с.Никуштак, општина Липково, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот при што пронашле и одзеле наркотична дрога хашиш со нето тежина од 306.24 грама.

По спроведена постапка пред Основен суд Куманово, лицето било спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Кшање.

Никола Ивановски

Leave a Reply