Кривична за навивач на МЗТ кој со монета повреди дете на натпревар во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дваесет и четиригодишник од Скопје доби кривична пријава за случајот кога со монета повреди малолетник на натпревар во Куманово.

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Б.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, на 21.02.2026 во спортска сала во Куманово, пријавениот, припадник на навивачка група, за време на кошаркарски натпревар помеѓу екипите на МКК Куманово и МЗТ Скопје, се однесувал недолично и фрлил монета кон домашната публика, при што повредил 13-годишен малолетник.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец го нападнал својот брат на работното место