Дваесет и четиригодишен кумановец доби кривична пријава, откако полицијата минатиот месец му пронашла марихуана во домот.
Loading...
– СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Л.(24) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
На 23.05.2020 во Куманово, на улицата „Цар Самоил“, од полициски службеници при извршен личен преглед над пријавениот, а потоа и извршен претрес во неговиот дом и други простории, била пронајдена и одземена марихуана.
Никола Ивановски