Кривична за кумановец: На интернет препродавал бајонети, сабји и фигура од лав

Сподели со своите пријатели

Четириесет и осумгодишен кумановец доби кривична пријава под сомнение дека препродавал добра под привремена заштита.

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Г.Г.(48) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластена трговија со добра под привремена заштита, културно наследство и природна реткост“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот, како што стои во соопштението, за да се стекне со противправна имотна корист, во текот на 2024 година купил бајонети, сабји, швајцарски целин за планинарење и фигура со облик на глава на лав, кои претставуваат добра под привремена заштита, а потоа ги продавал преку онлајн страница на социјална мрежа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  15-годишник од Куманово украл паркиран автомобил и крадел од приватни имоти

Никола Ивановски