СВР Куманово поднесе кривична пријава против Т.С. (37) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи пријавениот подолг период ја малтретирал, навредувал и и упатувал заканувачки зборови дека ќе посегне по животот на неговата баба М.И. (83) од Куманово.
Последен пат на 01.03.2017 година, околу 10.00 часот истиот отишол во куќата на оштетената во Куманово, при што и се заканил дека ќе ја убие ако не му даде пари за негови потреби, со што предизвикал страв и несигурност кај оштетената.