Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш поднесе кривична пријава против Ч.Д. (50) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “несовесно работење во службата“.
Како што информираат од МВР, во периодот од 25.01.2015 до 15.05.2017 година пријавениот, како директор на ЈП “Радовишко Поле“-Радовиш, со пропуштање на должен надзор, овозможил низ темелниот вентил на акумулацијата “Мантово“ да протече 34.084,80 кубни метри вода со што предизвикал материјална штета во висина од 11.829.680 денари на штета на ЈП“Радовишко Поле“-Радовиш.