Кривична за блогер кој заработил над милион денари, но не платил данок

Сподели со своите пријатели

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.Г. (22) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“, информираат од Министерството за внатреши работи.

Пријавениот во текот на 2015 година, занимавајќи се со т.н „блогерство“, остварил приходи кој ги примил преку брз трансфер на пари во висина од 1.221.916 денари. Со намера да одбегне целосно или делумно плаќање на данок, на која обврска е обврзан со Закон, не ги пријавил остварените приходи со задолжителна годишна пријави во Управата за Јавни приходи на Република Македонија, со што затаил данок на персонален данок на доход во висина од 122.191 денари.