Кривична против полицаец од Куманово поради насилство

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против Е.М., полициски службеник во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.

Loading...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување на дисциплинска постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР и член 26 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците на МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Данило Драшковиќ од Куманово прогласен за најмлад и најдобар пливач

Имено, на 12.10.2023, полицискиот службеник Е.М. заедно со лицето М.М., против кого, исто така е поднесена кривична пријава, физички го нападнале С.А. од с. Черкези, кумановско и му нанеле повреди.

Интегрално соопштение: МВР