Кривична пријава за управител на ДИК „Декстера Проект“ за измама и бесправно градење

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи – Куманово поднесе кривична пријава против О.М. (42) од Куманово, управител на ДИК „Декстера Проект“ ДОО Куманово и против ДИК „Декстера Проект“ ДОО Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ и „измама“, а правното лице поради постоење основи на сомнение за сторено уште едно кривично дело „бесправно градење“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Првопријавениот во својство на инвеститор, организатор и изведувач на градежни работи во периодот од 2011 до 2014 година, извел градежни работи и изградил стамбена зграда за колективно домување, спротивно на основниот проект изработен од второпријавеното правно лице, врз основа на кој имал одобрение за градење.

Исто така првопријавениот го довел во заблуда Г.Ј., со лажно прикажување на факти, на начин што истиот му платил паричен износ од 12.500 евра при купопродажба на стан, за што првопријавениот му ветил дека ќе му вгради термоизолација, што не го сторил, а ниту му ги вратил паричните средства.