Кривична пријава за кумановец поради поседување дрога и опрема за дилање

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Н. (38) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 09.03.2017 година во 19.30 часот во Куманово , на бул. „Трета Македонска ударна бригада“, извршен е претрес во домот каде пријавениот престојувал под кирија. Притоа биле пронајдени и одземени 0,09 грама хероин, 0,01 грам кокаин, 8, 22 грама мешавина од кофеин и парацетамол и опрема за делење, мерење и пакување на истите наркотични дроги.