Педесет и двегодишен кумановец заработи кривична пријава, откако полицијата му пронашла и одзела амфетамин и марихуана.
Loading...
– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Т.(52) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
При извршен преглед од полициски службеници од СВР Куманово, како што појаснуваат од полицијата, кај пријавениот биле пронајдени и одземени амфетамин и марихуана.
Никола Ивановски