Кривична пријава против поранешен директор на Здравствен дом Куманово

Сподели со своите пријатели

Поранешниот директор на ЈЗУ Здравствен дом Куманово доби кривична пријава под сомнение дека незаконски исплатил над 350.000 евра.

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А.(43) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот, како што појаснуваат од МВР, во периодот од 2020 до 2024 година, откако бил поставен како вршител на должност директор, а потоа именуван за директор на Јавна здравствена установа Здравствен дом Куманово, склучувал незаконски договори на дело и вработувал лица во установата, без претходно да добие одобрение од Министерството за здравство и без да обезбеди согласност за обезбедени финансиски средства од Министерство за финансии.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово со опомени и решенија за присилна наплата на данок на имот

– На тој начин тој постапил спротивно од одредбите од Законот за работни односи и Законот за трансформација во редовен работен однос, велат од полицијата.

Притоа, според сооопштението, во истиот временски период ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил плати во вкупен износ од 21.744.788 денари или 353.573 евра на штета на буџетот на Здравствен дом Куманово.

Никола Ивановски