Кривична пријава против кумановец поради транспорт на дрва без лиценца

Сподели со своите пријатели

Полицијата од Берово поднесе кривична пријава против В.А. (54), Х.Л. (36), И.Л. (28), тројцата од Кочани, и против В.Ј. (49) од село Тромеѓа, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Првопријавениот В.А. на 04.09.2016 година во 16.00 часот правувал товарно моторно возило марка „Застава 621“ натоварено со четири кубни метри дрвни сортименти со уредна документација, но истиот не поседувал лиценца за вршење на јавен превоз. Второпријавениот Х.Л. на 05.09.2016 година во 12.40 часот управувал товарно моторно возило „Сканија“ натоварено со 12 кубни метри дрвни сортименти со уредна документација, но истиот не поседувал лиценца за вршење на јавен превоз. Третопријавениот И.Л на 11.09.2016 година во 11.20 часот управувал ТМВ „Застава“ натоварено со четири кубни метри дрвни сортименти со уредна документација, но истиот не поседувал лиценца за вршење на јавен превоз. Четвртопријавениот В.Ј. на 25.08.2016 година во 17.40 часот управувал ТМВ „Ман“ натоварено со 12,50 кубни метри дрвни сортименти со уредна документација, но пријавениот не поседувал лиценца за вршење на јавен превоз.

Сите пријавени биле откриени при редовна сообраќајна контрола на полициски службеници.