Криумчарите на луѓе во светот заработуваат до 9 милијарди долари годишно

Сподели со своите пријатели

Австриската полиција и војска секојдневно запираат голем број илегални мигранти во пограничната област со Унгарија, кои во земјата ги донеле шверцери на луѓе, кои заработуваат многу пари користејќи ги маките на тие луѓе.

Loading...

Само минатата недела 550 илегални мигранти влегле од Унгарија во австриската провинција Бургенланд и биле спречени од армијата и полицијата.

Секоја недела полицијата и армијата запираат меѓу 500 и 800 илегални мигранти само во овој дел на Австрија.

Шверцерите бараат од 500 до 2.500 евра по мигрант за да ја минат границата, што носи милијарди приходи на шефовите на шверцерските банди, посочува полицијата.

Шверцерите не се грижат за актуелните зимски услови и ги изложуваат своите „муштерии“ на опасни транспортни услови.

Така, неодамна во транспортно комбе биле пронајдени 45 мигранти, со Сириец, кој со часови останал во тешки услови без пауза, без прозорец.

Според полицијата, валканиот бизнис на шверцерите на луѓе цвета како никогаш досега, а годишниот обрт на шверцерите ширум светот веќе достигна девет милијарди евра.