Криумчарена брендирана стока заплени кумановската полиција

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.С. (34) од село Гошинце, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и „даночно затајување“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 07.06.2016 година околу 18.00 часот од страна на полициски службеници на локалниот пат за село Гошинце било запрено товарно моторно возило марка „Ивеко“, управувано од пријавениот, во кое при извршен преглед биле пронајдени 42 вреќи со текстилна стока во која имало спортски дресови од брендовите „Nike“, „Adidas“ и „Puma“ – означени со фалсификувани логоа, со вкупна вредност од 1.707.269,68 денари, за кој пријавениот знаел дека се прокриумчарени во Република Македонија, со што избегнал плаќање на давачки по основ на царина, акцизи и данок во износ од 254.488,68 денари.