Криптовалутата Squid Game не успеа на берзата, експертите велат: „Тоа е измама, ги искористуваат на наивните“

Сподели со своите пријатели

Експертите за криптовалути предупредиле  дека ова е измама. Страниците на кои е претставена криптовалутата повеќе не се активни.

Loading...

Криптовалутата инспирирана од популарната јужнокорејска серија „Squid Game“ ја изгуби сета своја вредност откако било откриено дека е измама. Тие се претставија како криптовалута „игра за заработка“ која се купува за употреба во онлајн игрите и може да се замени за други крипто и национални валути. Во последните неколку дена вредноста се зголемила за десет пати. Имено, минатиот вторник Squid се тргуваше за само еден цент, а за само неколку дена цената скокнала над  2856 американски долари, пренесува Index.

 

 

Сегашна вредност е намалена за 99,99 проценти, според CoinMarketCap.

Кој заработил пари на оваа измам?

Програмерите кои го создадоа Squid излегоа од ова побогати за околу 3,38 милиони долари, објави Gizmodo. Squid е воведен како токен што може да се користи за нова онлајн игра инспирирана од серијата на Нетфликс. Играта требало да биде објавена овој месец.

Loading...

 

 

Експертите за криптовалути предупредиле на неколку знаци дека се работи за измама. Оние кои ја купиле криптовалутата не можат да ги продадат своите токени.

„Шема за наивни и мали инвеститори“

Веб-страницата на која се наоѓа криптовалутата имала  многу правописни и граматички грешки. Сајтот како и социјалните мрежи кои го промовираа Squid веќе не се активни.

„Ова е само една од шемите со кои наивните мали инвеститори се привлекуваат и се искористуваат од злонамерни промотори на криптовалути“, изјави за Би-Би-Си економистот од Универзитетот Корнел, Есвар Прасад.

 

Loading...

 

Прасад вели дека малите инвеститори треба да бидат внимателни кога купуваат криптовалути бидејќи речиси и да нема надзор над нив.