Криминалец осуден на 5 и пол години затвор приведен на Живкова карпа

Сподели со своите пријатели

Криминалец осуден на пет и пол години затворска казна вчеравечер бил приведен на местото викано Живкова карпа во Куманово.

Loading...

– На 17.05.2022 во 21.50 часот на место викано „Живкова карпа” во Куманово, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Р.(35) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил баран по  централна потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување затворска казна од една година и девет месеци, а бил осуден на пет години и шест месеци за сторени кривични дела по член 201 и 236 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Идризово за доиздржување на казната.

Никола Ивановски