Крим и Донбас поврзани со копнен коридор

Сподели со своите пријатели

Во рамките на „специјалната воена операција на руската армија“, Крим и Донбас се поврзани со копнен коридор, изјави постојаниот претставник на Крим кај претседателот на Русија и вицепремиер на владата на Крим, Георги Мурадов.

 

Украина: Соборивме четири руски авиони во еден ден

 

– Крим и Донбас сега се поврзани со копнен коридор на територијата на Украина. Автопатот од Крим до Мариупол е ставен под контрола – рече тој, пренесува Спутник.

Според него, „веќе треба да размислуваме за соработка при транспортот на товар преку клучните пристаништа на Крим и Азовското Море – Мариупол и Берџанска“.

 

Русите гаѓале 187 објекти на вооружените сили на Украина

 

– Тоа е клучот за развојот на целиот регион – нагласи Мурадов.