Крева тегови за да биде доволно силна својата парализирана сестра да ја носи било каде (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кристина Витхулкас (26) е австралиска мотоциклистка во слободен стил, која останала парализирана пред три години по само една погрешна проценка.

Loading...

За време на тренингот погрешно ја проценила брзината на доаѓање до рампата и доживеала несреќа.

Лекарите успеале да ја спасат, но и рекле дека никогаш повеќе нема да оди.

 

 

По 11 недели закрепнување, Кристина повторно била на мотор. Заедно со нејзиниот вереник Џејмс кој и е најголема поддршка.

– Беше одлично да го слушнам звукот на моторот и да го почувствувам ветрот на моето лице и коса. И многу е побрз од мојата инвалидска количка, ха, ха, ха – рекла тогаш Австралијката.

Loading...

Заедно со нејзиниот свршеник, цело време со неа била и нејзината сестра близначка Ајрин.

 

 

Таа неодамна на својот Инстаграм профил сподели видео каде крева тегови и откри зошто вежба толку напорно.

Таа рече дека тоа е затоа што сака да биде што е можно посилна за да може да ја носи нејзината сестра, која не може да оди, каде што ќе посака.

– Ние двете сме многу поврзани. Тренирам напорно за да можам да ја однесам каде било – изјавила Ајрин.

 

Loading...