Кремљ: Западот и Киев се одговорни за прекинот на испораката на жито

Сподели со своите пријатели

Светот би можел да биде на работ на голема прехранбена криза поради „незаконските ограничувања“ наметнати на Русија од западните земји и одлуката на украинските власти да не снабдуваат жито, објави денеска Кремљ.

Loading...

„Ние сме потенцијално на работ на многу длабока прехранбена криза поврзана со воведувањето незаконски ограничувања против нас и активностите на украинските власти кои го минираа патот кон Црното Море и не доставуваа жито од таму, и покрај фактот што Русија не ги попречува“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Повеќе од три месеци од почетокот на конфликтот во Украина, Русија окупираше големи делови од брегот на својот сосед и ги блокира нејзините пристаништа, но Киев исто така ги обвинува западните санкции за прекинот на испораката на жито, наведува британската агенција.