Неодамнешните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп, вклучително и заканата со санкции против купувачите на руски извоз, се сериозни и треба да се анализираат, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Коментирајќи ги зборовите на Трамп изнесени вчера во Овалната соба, Песков рече дека рускиот претседател Владимир Путин ќе даде изјава за предлозите доколку смета дека е потребно.
Трамп на вчерашната прес-конференција рече дека ќе воведе „строги тарифи“ против Русија доколку не се постигне мировен договор во рок од 50 дена, објави Индекс.
Тој не даде многу детали за тоа како тие ќе бидат имплементирани, но ги опиша како секундарни тарифи – што значи дека ќе бидат насочени кон трговските партнери на Русија за дополнително да ја изолираат Москва од глобалната економија.