Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск се суверени, независни држави – Украина и властите на другите земји треба да го признаат тоа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој се осврна на изјавата на претседателот на Украина Володимир Зеленски, кој во интервју за американската телевизија „ABC World News“ ја коментираше можноста за признавање на Крим и независноста на републиките во Донбас и рече дека има шанса да се најде компромис за иднината на тие територии.
ОВА Е ВОЈНА ВО ЕВРОПА: За прв пат се обрати сопругата на претседателот на Украина
„Прво, што се однесува до нијансите, веројатно е подобро да се праша украинската страна, но тоа е изјавата на претседателот на Украина. Што се однесува до нашиот став, тој е добро познат. Ова во неколку наврати беше презентирано на украинската страна и на бројни соговорници на нашиот претседател, лидери на европски и други земји, за време на телефонски разговори“, рече Песков.
Како што истакна, Крим е руски регион – „треба да се признае и де факто и де јуре“.
Зборувајќи за ДНР и ЛНР, портпаролот истакна дека тоа се суверени, независни држави кои Русија ги признала.
ОВА Е ВОЈНА ВО ЕВРОПА: За прв пат се обрати сопругата на претседателот на Украина
Тие исто така треба да бидат признати де факто и де јуре“, додаде Песков.
„Позицијата на Русија е целосно јасна и формулирана и им беше претставена на украинските преговарачи. „Заинтересирани сме да одржиме нови рунди штом украинските преговарачи се подготвени за тоа“, прецизира тој.
Според него, претстојната средба на министрите за надворешни работи на Русија и Украина, Сергеј Лавров и Дмитриј Кулеба во Турција е многу важно продолжение на преговарачкиот процес.